Баба Галаба од штипско 16 години живее без струја и куќа која е пред паѓање: Преживува благодарение на соседите

Цели 16 години Галаба Величкова живее без струја со социјална помош во куќарка што само не се урнала. Животот и го сврте грбот на Величкова од 1990година, кога напуштена од сите,останала самохрана мајка и морала сама да се бори за да преживее.

Нејзините најблиски одамна дигнале раце од нејзе иако од време на време ја посетуваат но, без никаква помош. Сепак Галаба не е сама.Преживува благодарение на соседите, кои несебично и помагаат на оваа измачена жена.

За Галаба денес беше важен ден,бидејки при посетата на с. Лесковица, за нејзиниот проблем дозна и градоначалниклот Иван Јорданов. Јорданов ја посети Величкова.Личн се увери во какви нехумани услови живее, каде покривот на оваа жена, буквално е небото.

Затоа,одлучи со лични средства да и помогне. Условите за живот се под секое хумано ниво и јас како човек одлучив со свои лични средства да ја финансирам основната реконструкција на нејзината куќа.,изјави градоначалникот Иван Јорданов.

Галаба Величкова живее во селото Лесковица. Таа една од десетината семејства кои останале да живеат тука.Село каде животот живнува само за празнични или викенд денови, кога во повеќето викенд куќи, свој мир од урбаната врева наогаат повеќемина штипјани, пренесува ТВ стар.