Баба Антонија на 82 години редовно оди во теретана: Бев скептична, но сега ми стана навика

И додека нејзините врснички можеби и повеќе не се меѓу живите или се во постела со отежнато движење, баба Антонија го прави спротивното.

Баба Антонија има 82 години, а работи напорно и редовно во теретана: Поминав покрај теретана, ми се допадна како вежбаат… Отпрвин бев многу скептичna, се срамев, но влегов и прашав, вели таа.

Дека годините не се пречка или оправдување за физичка неактивност потврдува и Антонија Џапа (82) која во деветтата деценија од животот редовно вежба и не ги прескокнува закажаните тренинзи.

Екипата на ,,Прва.рс” ja посети на тренингот и дознава дека на почетокот била многу скептична и дека и било срам да влезе во теретана, но дека ја надминала непријатноста, влегла, прашала и така станала не само редовен, туку и омилен член.

Баба Антонија живеела на имот во Гуча, што подразбирало секојдневна работа и физички активности, но ситуацијата се променила кога се вратила да живее во Белград.

Затоа сега таа доаѓа во теретана два пати неделно, без проблем вози велосипед 45 минути, а секој тренинг е прилагоден на нејзините физички можности.

Во оваа намера ја поддржувале синот, ќерката, петте внуци и едно правнуче. Ивана Недовиќ, личен тренер, вели дека Антонија е неговиот најдобар член:

„Слуша сè, работи според договореното, доаѓа повремено на капучино и се дружиме, секогаш има шеги, таа е многу образована и интересен човек.

,, Таа е навистина голем феномен, во тие години да си толку активен е за секоја пофалба, некој на 20-30 години не можат да бидат активни како неа, вели тренерот.