Бубо Каров за првпат откри зошто влегол во политка, но и се покаја: Дури сега сфаќам колку тоа ми штетело

Бубо Каров со години беше еден од омилените комичари преку ликот на Цацко од К-15.

Бубо Каров влезе во политиката како надворешен советник на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, но не се задржа долго, само година ипол.

Популарниот Цацко гостуваше во емисијата „Еден на еден“ каде за првпат јавно проговори за ова поглавје.

-Јас не знаев дека ме плукаат, не користам социјални мрежи. Кога беше кампањата за НАТО, јас бев активно вклучен и за референдумот за името. Ме сретнуваат луѓе и ми велеа еве го партискиот обоен. Ама на е така, во време на ВМРО ми викаа абе комуњари, во времето на СДСМ абе вмровцеи, од тоа нема подобар доказ дека не сум партиски обоен.

– Јас дури сега сфаќам колку тие година ипол ми штетеле. Види јас во таа работа влегов многу чесно и искрено, амбициозно. Меѓутоа таа клима што владее се уште во државата, се е поврзано со приемот во ЕУ.

Јас со Бени Шаќири многу сериозно бевме вклучени во проект за регулирани авторските права. Тврдам дека ни е најдено решение на многу едноставно и ефтин начин. Но сватив дека на некои и одговара да не се регулирани оти одредени групи им одговара да не се.