Веќе нема дилеми: Лично се огласи човекот кој го организираше нападот во Косово и кажа зошто тоа го сторил

Горан Петронијевиќ, адвокатот на Милан Радоичиќ, контроверзниот бизнисмен и потпретседател во заминување на Српската листа, денеска на прес-конференција изјави дека Радоичиќ ја прифатил одговорноста за организирање на вооружениот конфликт кај Бањска. Адвокатот го прочита соопштението на Милан Радоичиќ.

„Јас, Милан Радојичиќ, oд татко Рајко, роден во Република Србија, поради бројните шпекулации кои се појавија, ве известувам дека заедно со моите сонародници од северот на Косово и Метохија, на 24 септември дојдов на северот од Косово и Метохија, до село Бањска. Причината за нашето враќање беше да го поттикнеме српскиот народ од тој крај да се спротивстави на теророт на кој секојдневно се изложени.

Ги известувам сите дежурни прогонувачи на српскиот народ, од Курти до бројни странски помагачи, дека лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на народот, а овој чин нема никаква врска со мојата претходна политичка инволвираност. Не известив никого за ова, дури ни српските власти, ниту пак добив помош од нив бидејќи веќе имавме различни ставови по прашањето за теророт на Курти“, изјави адвокатот од изјавата на Милан Радоичиќ и дополни:

„Поради почитување на политички причини, смирување на ситуацијата, неколкупати се повлекувавме бидејќи ни беше кажано дека на овој начин ќе придонесеме за деескалација и дека КФОР ќе преземе се што е потребно за да го заштити српскиот народ. Но, другата страна нашето смирување на ситуацијата не го сфати како добра волја, туку како слабост.

Како резултат на тоа, активностите на силите на Курти, кои илегално го окупираа северот на Косово, се зголемуваа од ден на ден. Едноставно, сите методи на отпор досега не дадоа никакво подобрување во животот, туку зголемување на бруталноста на режимот на Курти. Во таква атмосфера решив да дејствувам“, прочита адвокатот.

Радоичиќ во своето обраќање изјави и дека е подготвен да одговори на повиците од српските правосудни органи.

Адвокатот не сакаше да ја коментира снимката од манастирот Бањска, која претходно ја објави косовскиот министер за полиција, велејќи дека не ја ни гледал.