Екс македонската министерка: Кој не знае да меси леб нека научи со време и нека не се нервира

Дел од пекарите ги остварија најавите и денеска на рафтовите во дел од продавниците нема поевтин леб.

Единствено може да се најде леб кој останал непродаден или, пак од посебните поскапи видови, но тоа се однесува пред се за Скопје.

Празните полици со леб доаѓаат еден ден откако Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари.

170 инспектори на Пазарниот инспекторат се на терен во контроли во маркетите и пекарниците.

Сепак сликата во внатрешноста на државата е поинаква, па во најголем дел од продавниците на рафтовите може да се најде леб.

Поранешната министерка Фросина Ременски откако се повлече од политичкиот живот реши да се посвети на фамилијата и домаќинството.

Чести се нејзините објави на социјалните мрежи каде ги споделува специјалитетите што ги приготвува, но и земјоделскиот род во село Ратево.

За разлика од минатото кога често имавме можност да ја видиме дотерана и скоцкана во елегантни изданија, сега се почесто ја гледаме во кежуал облека.

Па така и таа будно ги следи случувањата околу ситуацијата со пекарите, па даде едно свое видување преку нејзиниот фејсбук профил:

Кој не знае да меси леб нека научи со време и нека не се нервира за замрзнати и одмрзнати цени.