(ВИДЕО) Веќе нема дилеми -има и видео доказ: Објавено кој бил водачот на српските напаѓачи во Косово

Косовскиот министер Џелал Свечла објави слики од лицата кои во неделата извршија терористички напад врз косовската полиција.

Меѓу нив е и потпретседателот на Српската листа, Милан Радојичиќ, пренесува Зери.инфо.

-Ова на сликите подолу е Милан Радојичиќ, потпретседател на Српската листа, исто така дел од Црната листа на САД и Обединетото Кралство.

Главниот криминалец Радојичиќ беше водач на оваа терористичка група и на нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Ова е уште еден доказ за неговата терористичка активност против Република Косово. Потпретседателот на Српската листа е водач на терористичкиот напад и групата терористи.