(ВИДЕО) Голем шумски пожар беснее помеѓу Богданци и Гевгелија – сцените од терен се загрижувачки

Нов ден и нов шумски пожар, по оној вчерашниот кај велешко езеро, денес има ново жариште.

Како што дознаваме, пожар на отворено и тоа на поголема површина беснее во атар на село Ѓавато.

Тоа се наоѓа на потегот помеѓу Богданци и Гевгелија а на терен се бројни противпожарни екипи од повеќе градови во регионот.

На терен дејствува и воздухоплов, поточно авион од Дирекцијата за заштита и спасување.

Според пожарникари кои се на терен, а ги контактиравме, потврдуваат дека состојбата на терен е сериозна.