Д-р Беќаровски: Кај и да е Данела “осата” ќе Ве касне и салдото на трансакционата ќе Ви спласне

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска деновиве е во центарот на вниманието по последнит случувања.

Таа вчера го праша Луке Галески од ВМРО-ДПМНЕ како до вчера за нив била најдобар градоначалник на Скопје, но сега не е.

„Како до вчера бев најдобар градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот сега од еднаш не чинам.

На сите тие прашања ќе си дојдат одговорите. Но мене, како што гледаш, не ми трепери гласот и не ми се тресат рачињата кога ви се обраќам. За тој спорен тендер има кој да си одговори зошто не постапувал како што треба.

Јас ќе си продолжам по патот на правдата како што беше и до сега, како што и до вчера за вас бев најдобар градоначалник.

Ама Мицкоски од тендер-матрицата нема никогаш да излезе. Тоа верувам на сите тука ви е јасно. Како што ви е јасно зошто од денеска не чинам, а до вчера бев супер“, рече Арсовска.

Докторот Нико Беќаровски на својот профил на фејсбук се огласи и порача:

Директорчиња и политичарчиња, Пред на функција да се стапне и тендерче да се “лапне” задолжително да го гледате документарниот филм “Медена земја” со нашата Атиџе

НИКАКО ДВЕТЕ РАЧИЊА ВО МЕДОТ!!! Кај и да е ДАНЕЛА “осата” ќе Ве КАСНЕ, и салдото на трансакционата ќе Ви СПЛАСНЕ.