Хуманоста на неговите сограѓани е без граница – Ванчо Митев од Кочани ќе добива бесплатна храна секој ден

Сторијата за Ванчо Митев од КОчани кој над две децении не се бањал со топла вода, ниту пак имал струја во скромниот дом допре до многумина.

Вкусот на храната исто така го заборавил бидејќи не може да си дозволи да си купи ниту леб. А, се би дал барем за миг да има греалка вели Ванчо за да може да си ги стопли премрзнатите коски и да може да со храна да го нагости својот прегладнет желудник.

Ванчо Митев живее во центарот на Кочани во семејна куќа од неговите родители. И, можеби и живот може да го нарече само периодот додека биле живи неговите родители.

И таа минимална помош што ја имал од државата веќе две години не ја добива поради одреден прилив на средства што ги добил од игри на среќа. Извесно време вели тој живее со жена која е со попреченост, а, заедно за да преживеат мораат да питачат низ градот и пазарите.

Тоа што сега и во иднина овој човек посакува, е храна во стомакот и греалка за да го стопли премрзнатото тело.Не пријатност, ст рес, тен зија,грижа се облици на наудобност предизвикани од премногу мисли за иднината, а премалку живот во сегашноста.

Но, хуманоста кај луѓето се уште не зга снала, а особено кај неговите сограѓани. Имено, како што објавија на Фејсбук, прашањето поврзано со храната веќе му е решено од страна на „Кујната на Благица“.

Проблемот за исхрана на Ванчо Митев од Кочани е веќе минато… Обезбедена му е бесплатна храна секој работен ден во Blagica Kitchen…

Доколку знаете некој што е во иста или слична ситуација како Ванчо слободно нека не контактираат или посетат во нашата кујна за да добијат ваучер за бесплатна исхрана…