(ВИДЕО) Драма во Штип: Со продолжен кабел околу врат во обид да спречи рушење на гаража

Ваква беше сликата утринава на патот кон Мирјанина црква во Штип, меѓусоседски проблем заврши со драма. Соседот го пријавил Јакупов и неговото семејство дека изградил гража, која според него не била легализирана. По пријавата денеска на терен на патот кон Мирјанина Црква беа инспектори и полицијата, новата грдаба требаше да се сруши.

А, како што тврди Јакупов документите за легализација стојат, исто како и платениот данок на имот. Куќата е изградена пред пет децении, и овде живее Јакупов со неговата сопруга и три малолетни деца. Со созли во очите пред камерите на М-Нет телевизија вели дека цел живот работел за да создаде за денеска некој да му сруши се.

„Пријавил не комшијата, зашто сум направил гаража. Отидел во инспекција, и еве инспекцијата дојде тука и сакаат да ме срушат. Мое е место, се е легализирано, плаќам данок. Куќата ја имам 50 години, работам за неа, печалам, имам три деца и правам за нив.“ – вели Јакупов.

„Со кредит, кратев од храната на децата за да изградам нешто“ – вели сопругата Јакупова. Додава дека дополнителниот ѕид е изграден со цел да се спречат кражбите со кои се соочуваат секојдневно. Дрва, возила се било предмет на кражба изминатиот период па принудени биле да заградат, а денеска да се соочат со ситуација да бидат срушени.

„15 илјади отидев во загуба, зедов кредит, они сега да рушат.“ – вели Јакупова за Мнет телевизија.