(ВИДЕО) Митко Јанчев со шлепери испрати нова помош за Украина

Митко Јанчев, градоначалникот на Општина Кавадарци иако поради својата фунцкија има доста обврски, сепак наоѓа време и е посветен семее човек на сопругата Веселка и трите деца: Никола, Стојанче и Мила.

Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија.

Функцијата управител ја превзема на 23 годишна возраст, по заминувањето од овој свет на неговиот татко кој беше основач на компанијата Кожувчанка.

Јанчев е познат и како голем хуманист и помагател на здравството, културата, спортот и слично, не само во своето Кавадарци и Македонија, туку и настрана.

Па во таа насока одново реши да помогне на Украина и во оваа прилика кажа:

По барање на Амбасадата на Украина до градоначалникот Митко Јанчев за помош на жителите на Украина, денес компанијата Кожувчанка испраќа камиони со над 175 000 литри вода како донација.