Почина неговиот 7-годишен син, но нема да оди на погребот: Реши да остане со репрезентацијата – имал важен меч

Вистинска трагедија го снајде националниот рагбист на Фиџи, Џосуа Туисова. Неговиот седумгодишен син Тито почина, но тој реши да остане на Светското првенство и ќе го пропушти погребот. Седумгодишниот син на фиџиската рагби ѕвезда Туисова почина по долгогодишна борба со тешка болест.

Туисова за смртта на синот дозна минатата сабота пред натпреварот против Грузија во Бордо. И покрај ова сознание, тој одигра 79 минути од натпреварот во победа од 9:0 Потоа донесе тешка одлука да не ги напушти соиграчите и да не присуствува на погребот на момчето на Фиџи.

„Туисова му кажа на тренерот Симон Раиваула дека сака да остане во тимот. Тие имаат историска шанса по трет пат да стигнат до четвртфиналето, каде што ги чека Англија“, пишуваат медиумите од Фиџи.

Ретко кој би донел ваква одлука во најтешките моменти од животот, но Туисова ја стави репрезентацијата пред семејството.

29-годишниот играч кој игра на центарската позиција со години е жител на Франција бидејќи настапува во првенството на оваа земја. Тој е висок 181 сантиметар и тежок 113 килограми. Од 2013 до 2019 година играше за Тулон, потоа четири години помина во Лион, а сега е член на Расинг 92 во Париз.