(ВИДЕО) Објавено за првпат видео – моментот кога Цитроенот доаѓа на местото на злосторството во Бразда

Се уште не мируваат страстите во јавноста по двојното киднапирање и убиство на Вања и Панче.

Петмина се уапсени и се теретат за ова монструмско дело, а властите веќе споделија детали од истрагата и од досегашните познати работи.

Новинарот Фуркан Салиу вечерва објави снимка на која се гледа како украдениот Цитроен на убиениот Панче пристига во село Бразда во Скопје.

Тоа е местото каде што беше најдена убиена Вања, како и запален автомобилот.

-Убиството на 14 годишната ВањаЃорчевска. Порталикс обезбеди снимки кои точно покажуваат кога и како жртвата заврши во Бразда и точното време кога е опожарено возилото.