Драма на Попова Шапка: Мечка нападнала Данец – го гризала по нозете

Немил настанс е случил утрово на падините на Шар Планина, а за кој пренесува ЦУК:

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд“ скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка, информираат од Центарот за управување со кризи.

-Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е упатен кон Попова Шапка – велат од ЦУК