Боки 13 се правдаше зошто се активирал на социјалните мрежи, а и кажа кога се враќа во Идризово

Боки 13 во моментов има прекин на затворската казна за случајот Рекет, заради лекување.. Прашан кога ќе се врати во Идризово, рече тоа зависело од лекарите кои ја следат неговата здравствена состојба.

Не шетам, туку, отпустот од затвор го користам за лекување. Вака Боки 13 ка ја правдаше сликата пред Соборниот храм, направена откако го напушти Идризово.

Денеска дојде во Апелациониот суд на јавна седница за „Меѓународен сојуз“ во кој е осуден на 9 години затвор заради измама на двајца бизнисмени. Во првата изјава за медиумите по четири години од неговото апсење, рече дека е човек со трајна инвалидност.

„Тоа е првата фотографија откако излегов од болница, мислам дека со поента и цел е објавена на моите социјални мрежи. Сепак, Јас сум личност која бев изложена на сериозна јавна тортура и линч сите овие години.

Така што, тоа не е шетање. И повторно, ќе кажам, мојата здравствена состојба е од друг карактер и тип, која е многу сериозна и се работи за траен инвалидитет, кој не е од физичка природа, или, со визички видлив деформитет“, изјави Бојан Јовановски за Сител ТВ.