Турци наголемо го населуваат овој македонски град: Купиле над 50 куќи и станови

Над 50 куќи и станови купиле турски државјани во последните години во Штип. Нив тие претежно ги користат за издавање на овдешните студенти од Турција, но и за сопствено живеење.

Во моментов во градот има околу 800 турски студенти кои претежно се запишани на факултетот за медицина.

Турската заедница во Штип станува се поголема, па тие имаат свои локали за храна, фризерски салони и слично.

Исто така турското присуство на градот му носи и завидни приходи, проценките се дека тоа е од 5 до 8 милиони евра.