(ФОТО) Прва фотографија од Ѓорѓе Давид по несреќата – може да се видат последиците

Како што е познато познатиот српски пејач Ѓорѓе Давид пред неколку дена имаше сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце.

Во истата почина една жена од Куманово,  а српскиот пејач поради тоа не може да ја напушти Македонија додека трае истрагата.

Како што самиот изјави пред неколку дена за српските медиуми, тој е во хотел во Скопје и очекува епилог од обвинителството и судот.

Освен оштетениот автомобил, Ѓорѓе има и повреда на раката каде бил шиен.  Денес излезе и првата фотографија од него по несреќата.

Имено познатиот македонски спортист, неколкукратниот учесник на зимските олимписки игри,  биталонецот Дарко Дамјановски направи заедничка фотографиј.

На истата може да се забележи дека левата рака на Србинот му е во завои.