Трите деца на Томчо од делчевско немаат превоз за да одат на училиште, ама таткото го очекува казна од 250 евра зошто не посетуваат настава

Два месеци од почетокот на учебната година, трите деца на Томчо Спасевски, сеуште не одат на училиште. За Спасевски решението е во делчевската општина.

„Се уште не е решено, децата се без настава веќе подолго. Јас знам дека сите деца треба да ги следува превоз. Патот не е изговор, иако е земјен по него оди возило, автомобили

Од општина Делчево велат дека договор со превозник имаат склучено,но спорни се три километри,многу лош пат по кој никој не сака да вози.

Пријавата од лицето Т.З. од страна на Држаниот просветен инспекторат е отфрлена бидејки Договор за превоз на учениците имаме,појаснија од општината.

Овие тројца ученици се единствени во државата кои не одат на училиште. Случајот е актуелен неколку години, но годинава тој е најизразен бидејки родителите на децата тврдат дека немаат ниту време ниту можности нив секојдневно да ги носат и земаат од училиште.

Во меѓувреме, за случајот е информирано и ресорното министерство. За ова Државниот секретар за Образование Билјана Казанџиска со објаснување.

Според Казанџиска, доколку родителите и понатаму останат на одлуката децата да не одат на настава за нив претстои казна.

„Според членот 8, ставот 2 родителот е должен да го почитува законот, но доколку тоа не се случи му претстои казна од 250 евра во денарска противредност“, вели за ТВ Стар Казанчиска