(ФОТО) Митко Јанчев ја развесели сопругата Веселка со поклон од околу 250.000 евра

Како што е познато, Митко Јанчев, првиот човек на Кавадарци иако поради својата фунцкија има доста обврски, сепак наоѓа време и е посветен семее човек.

Митко Јанчев е во брак со сопругата Веселка со која има три деца од кои два син Никола и Стојанче како и ќерката Мила.

За Митко Јанчев е познато дека е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Поупуларниот Мито важи и за голем помагател на најразлични настани, но и хуманист, а богами знае добро да го одврзе ќесето кога станува збор за своето семејство.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев ја поднови својата сопруга Веселка со нов автомобил од марката Ренџ Ровер. Возилото со бела боја кое пристигнало на нивната адреса ја изненадило Јанчева, со која градоначалникот е заедно од рана младост.

Новиот автомобил, кој денес и го подарил на сопругата изнесува околу 250.000 евра во зависност од опремата која ја поседува.