(ФОТО) Уапсени навивачи на Левски некако упсеаа да пратат фотки од притвор: Еве во какви ужасни услови не држат

Како што е познато 19 навивачи на Левски завршија во притвор во Скопје пред, за време и по мечот со Шкупи.

Од МВР ги потврдија информациите и објавија за што се теретат, а бугарската страна очекувано негодува.

На фејсбук страната „100 години “Левски” София – вековни поздрави от цял свят“ се појави објава во која меѓу другото се вели:

Повеќе од 20 часа, навивачите на Левски се држени во Македонија со менување на обвиненијата на секои три часа. Без храна, вода се пие од чешмата во тоалетот кој изгледа вака.

Тие продолжуваат да држат 10 наши момчиња во „Автокоманда“. Знаеме дека има уште најмалку 10 во различни региони. Ако имаш информации каде точно, пиши овде.

Ние инсистираме бугарските власти одлучно да интервенираат за да ги вратат нашите момчиња дома. Затоа ве молиме раширете ја оваа информација.