Толку беше: Џамбазов и Илина повеќе не се заедно – Игор потврди и откри зошто

Игор Џамбазов е човекот со многу професии, писател, актер, водител, музичар, едноставно шоумен.

Тој постојано знае да привлече внимание во јавноста, пред се со своите објави на социјалните мрежи.

Во последните години беше актуелен со љубовната врска со алпинистката Илина Арсова која извесен период веќе живее и работи во САД.

Вечерва во обемно интервју за „Слободен Печат“ меѓу другото се осварна на оваа тема и за првпат јавно сподели дека тие веќе не се заедно.

“Да, тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно.

Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави ушт во првите денови на нашата љубов.

И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“.

Сите приказни исти се, тажни ко оваа“.Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници.

Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, изјави Игор за Слободен Печат