(ВИДЕО) Под силно полициско обезбедување – Незири и тројца упаѓачи во М-НАВ донесени во судот

Четвoрица осомничени меѓу кои и Беким Незири вечерва после 19 часот се донесени во кривичниот суд во Скопје.

Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранокот на ДУИ вчера со уште 8 луѓе упадна во Кулата на контрола на летање и нападна контролор на летање.

Тројца насилници се уште се недостапни за истрагата.

Од обвинителството и од МВР се уште не објавија за кое дело ќе бидат гонети осомничените кои упаднаа во контролата на летање, пренесува ТВ телма.