(ВИДЕО) Познатиот македонски пејач направи двоен прекршок: Се снимаше додека вози и притоа беше претовар

Познатиот македонски пејач Ѓоко Јовиќ со кого секоја забава има загарантирана атмосфера важи за еден од најбараните наши пејачи.

Како кај нас така и надвор од границата тој има постојано настапи, но во исто време пронаоѓа и време за својата фамилија која и тоа како е бројна.

Пред некој ден објави видео од автомобилот како вози и заедно пее со сопругата и децата, но фановите му најдоа забелешка:

„Се убаво ама тоа детенцето во скутот отпозади е проблем. Законите и за вас треба да важат и да ги почитувате. И ти пример треба да да си со понашањето.“

На ова пејачот возврати и напиша:

Дали гледате дека возам 5 на саат, дека сум на споредна уличка кај што не можеш да возиш повеќе од 5 на саат. Инаку во право сте, треба да бидеме сите врзани. Но еден нема секако како да го врзам затоа што сме 6 члена.

Освен овој прекршок за претовар, тој очигледно прави уште еден. Затоа што користи мобилен телефон додека управува со возилото, поточно се снима.