Јордан Митев: Горд сум што сум од фамилија која работела тутун, бостан, дињи и пиперки

Кога станува збор за квалитетен глас, подготвен секогаш и сегде да направи растур од забава, тогаш сигурно прв на кого ќе ни текне е нашиот незаменлив Јордан Митев.

Јордан беше дел од емисијата Шоу магазин на Сител ТВ каде зборуваше малку повеќе за неговиот професионален и личен живот, а особен акцент даде на две теми:

– Патриотизмот јас го сфаќам и го разбирам како човек којшто со својата работа, без разлика кој со што се занимава, дали со угостителство, со било што на тој начин да придонесе за сопствениот народ и за сопствената нација да ја испромовира како пред своите луѓе така и пред луѓето надвор од нашата земја. Јас тоа го правам веќе доста време.За жал има и такви коишто тоа го прават повеќе на муабет, вели Митев.

Митев родум е од село Подареш, радовишко, а за своето потекло секогаш зборува со гордост и покрај тоа што дел од луѓето го користата тоа што е од село за да го навредат.

– Иако одредени луѓе коишто не можат да ми најдат некоја маана да ме увредат и веднаш тоа ќе го класифицираат во една друга класа на луѓе – знаеме како ги нарекуваат луѓето од село, но мене ми е гордост и тоа сакам секогаш да го потенцирам само поради една причина.

За на одредени луѓе да им биде јасно за да успееш во животот не треба да бидеш син или внук на некого, туку треба добра работа голема желба за успех и чесност во работата пред себе и останатите и тогаш успехот 99% ќе биде загарантиран.

Го потенцирам моето потекло на коешто сум горд, потекнувам од земјоделска фамилија која работела тутун,производство на бостан, дињи, пиперки, додава Јордан.