(ФОТО) Познатата македонска пејачка својот роденден го прослави во Занзибар

Занзибар, полуавтономната сојузна единица на Танзанија важи за една од најпосетуваните туристички егозтични дестинации.

Занзибар е остров сместен на Индиски Океан, источно од Танзанија. Станува збор за корален остров, какви што се и Малдиви, па истиот се одликува со тиркизен океан, бел прашкаст песок и палми на плажа.

Иако Занзибар се наоѓа во Африка, што за многу луѓе претставува синоним за неиздржливо топло време, ситуацијата во Занзибар не е таква.

Занзибар се наоѓа многу блиску до екваторот, па температурата тука е иста преку цела година и генерално не надминува 30 степени – што го прави овој остров тропски рај со совршена клима.

Совршено време да се посети овој остров е од почеток на Јуни до почеток на Април, а највисока сезона е Јули, Август и Септември – како во поголемиот дел од Европа.

Иако во помал број, сепак има и доста Македонци кои се решаваат да го посетат овој остров и да уживаат во убавините на него.

Меѓу нив периодов е и една позната Македонка, поточно за наша позната пејачка кој токму својот роденден го прослави таму.

Станува збор за Сања Цинцева која заедно со својот брат ужива во убавините на оваа дестинација, а секојдневно на инстаграм постира како си поминува таму.