(ВИДЕО) Поплави од библиски размери во омиленото летувалиште на многу Македонци: Безмалку се е под вода – апокалиптични сцени

Огромно количество дожд, силен ветер и удари на гром денеска предизвикаа големи проблеми во Тиват и Херцег Нови.

Пороите на повеќе места ги поплавија патиштата бидејќи одводните канали не можеа да ја примат целата количина на дожд што наврна за многу кратко време, објави подгорички „Вијести“.

Сите комунални екипи се на терен, ги чистат одводите и се обидуваат да ја санираат состојбата.

Пороите поплавија неколку приватни куќи и згради, па на терен се и екипи на противпожарната единица на Тиват.

Најлоша е во Кртоли, каде сообраќајот се одвива многу отежнато, а комуналното претпријатие интервенира и во Градиошница, Мазина, Учури…

Почна да прокиснува покривот на терминалната зграда на аеродромот Тиват, а удар на гром во приватна куќа во Радовиќи предизвика мал пожар.

Невремето и ударите на гром предизвикаа проблеми и со снабдувањето со електрична енергија, па најголемиот дел од Тиват моментално е без струја.