(ВИДЕО) Раде Трајчевски од Штип бара да си купи гробно место: Ако некој приватно продава, ќе си платам, нека ми се јави

Штипјанецот Раде Трајчевски јавно место бара гробно место бидејќи веќе подолг период не може да го обезбеди.

Трајчевски вели дека работите сака да си ги обезбеди однапред, но занего во моментов нема гробен плац.

„Проблемот е што барам да си купам гробно место во атарот на гробиштата во ново село. Приватно некој ако има, неупотребливо, да си го платам и да си го искористам. Преку Исар нема, не се продава, сакам приватно да си го купам.

Сите оние кои имаат на продажба може да му се јават лично на 078 702 748, пренесува ТВ Стар.