Туристи од Србија ги снајде незгода во Македонија: Сите се под стрес

Автобус со туристи од Србија бил каменуван во Македонија кога се враќале од Грција.

Имено, тие биле нападнати од група малолетници во близина на надвозник, а како што е соопштено на мрежите фрлале камења кон автобусот.

За среќа, никој не е повреден, но сите се под стрес, особено децата кои биле во автобусот. За ситуацијата се огласи извесна Сања Милутиновиќ во групата Во живо од Грција

Вечерва на враќање од Грција со автобус се случи непријатност, од надвозникот во Македонија ни фрлија камен право во  на возачот, за среќа стаклото не се скрши целосно и децата кои седеа таму не беа повредени.

Дополнително не известија дека тоа е група малолетници и дека не сме први на кои им се случило.И знаат за кого се работи.И никаде не гледам ништо напишано за тоа.Еве само да го свртам вниманието на возачите да внимаваат при поминување под надвозникот низ Македонија.