(ВИДЕО) Авион на ДСЗ интервенира на пожар во Неготина – ситуацијата е сериозна, на готовност и други воздухоплови

Гори Гоцева шума на потег од Неготино кон Демир Капија а огнот е дојде до самиот автопат.

Во гаснењето учествуваат пожарникари од Неготино и од Кавадарци, а пред неколку моменти пристигна помош и од воздух

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, за Канал 5 информира дека авионот Ер трактор веќе делува во гаснење на пожарот во близина на Неготино.

Ангелов рече дека ер тракторот веќе ја направил првата тура за да ја гасне боровата„Гоцева шума“ во близина на Неготино, која се запали попладнево.

Тој додаде и дека според претходните искуства во Малешевијата се надева дека огнот бргу ќе се изгасне, зашто станува збор за борови, а доколку има потреба ќе се активираат и два хеликоптера.