(ВИДЕО) Се појави скандалозна снимка: Полицаец со пендрак го тепа Филип Талевски

Во големото финале од купот на Македонија играно во Охрид екипата на Вардар славеше над Пелистер.

По крајот на натпреварот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер кое заврши со минимална победа на „црвено-црните“ (26-25) се случи и еден инцидент, кој, за среќа, не ескалираше и брзо беше смирен.

По крајот на натпреварот тренерот на Вардар, Владо Недановски, беше крај трибината каде беа навивачите на пелистерци и како што изгледа имаше вербален дуел со нив.

Кон него ракометарот на битолчани Суси фрли со шише, па страстите зовреа. Се створи општа мешаница од која очигледно најдебелиот крај го извади македонскиот репрезентативец и член на Вардар, Филип Талевски.

Имено на социјалните мрежи се појави снимка на која јасно се гледа како униформиран полицаец со пендрак го мава Талевски во пределот на рамото.

Со кој памет само припадникот на МВР го стори ова или пак можеби било случајност. Засега не е познато, но со оглед на ударот, не е исклучена можност нашиот репрезентативец и да има последица, во вид на повреда, за што дополнително треба да се уфарли.