(ВИДЕО) Траорни глетки: Пронајдено, па извлечено на копно косовското возило кое излета во реката

Државни институции и волонтери од Косово и Македонија заедно трагаат по 3-та исчезнати од вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје – Блаце.

Екипите меѓусебно се координирале, а останатите во соодветна облека и со спасувачкиот чамец влегоа во водите на реката Лепенец.

Потрагата се прави и со дронови, но се уште не се пронајдени знаци кои водат до пронаоѓање на граѓаните од Косово.

Пронајден е автомобил во Лепенец во близина на местото каде вчера попладне по сообраќајна несреќа во реката падна автомобил марка БМВ со косовски таблички.

Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица Тигри и во моментов се извлекува.

Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил Фолксваген туран со скопски таблички по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје. Се уште се трага по неговата мајката, таткото и 16-годишниот брат.

Спасувачите велат дека потрагата е отежната од временските услови и надојдената река, која со себе носи гранки и смет.