(ВИДЕО) Хаос во најава: Шверцерите на Шкупи ги нападнаа навивачите на Левски

Како и што се очекуваше, како наближува мечот Шкупи – Левски, така растат тензиите.

Бугарските навивачи од рано утрово започнаа да пристигаат во Скопје, а од друга страна и навивачите на клубот од Чаир се мобилизираат

На социјалните мрежи пред неколку моменти се појави видео како навивачите на Шкипи, популарните Шверцери нападнаа неколку возила со навивачи на бугарски Левски.

Од видеото може да се забележи дека станува збор за локација на влезот на Чаир, каде што домашните навивачи со шипки, пластични канти но и голи раци се пресметуваат со Бугарите.