(ВИДЕО) Срамен потег на селекторот Милевски: Сакаше да се пресмета со навивачите, полицијата го спречи

Македонската фудбалска селекција продолжува да бележи негативни резултати под водство на селекторо Благој Милевски.

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми во пријателскиот натпревар против Финска со 1-1 (0-1). Пресметката на Националната арена „Тодор Проески“ беше слична како и на многу претходни, Македонија имаше топка, диктираше темпо и правеше шанси, меѓутоа реализацијата одново затаи.

Финците во финишот на полувремето поведоа преку Антман, но до крајот не успеаја да го одбранат водството бидејќи Барди од пенал донесе нерешен исход.

И двете репрезентации имаа свои шанси, а особено гостите кои во два наврати ја погодија пречката и стативата од голот на Димитриевски.

По крајот на мечот, малубројните македонски навивачи, сосема легитимно, поради се послабите резултати бараа одговорност од селекторот Милевски.

Но популарниот Боби очигледно изгуби нерви и недозволиво реши да се обиде да се пресмета со навивачите, но за среќа на време интеревнираше полицијата. Како изледаше сета ситуација може да се проследи на видеото.