„Визер“ одново носи добри вести за патниците од и до Македонија – се зголемува бројот на летови

Најголемиот авиопревозник од и до Македонија „Визер“ ја зголемува својата фреквенции на летови од базите во Скопје од претстојна зимска сезона, која започнува на 29 октомври.

Исто така летовите кон Штутгард и Салцбург се очекува да бидат закажани во наредниот период.

„Визер“ во декември ќе го стационира својот шести авион, Ербас А321, во главниот град на Македонија, што ќе му овозможи да ги зголеми фреквенциите низ својата мрежа во Скопје.

Нискобуџетниот превозник ќе ги зајакне летовите на единаесет постоечки линии во споредба со тековното лето.

Тие вклучуваат Базел кој расте на единаесет летови неделно, Дортмунд на десет неделно, Меминген на девет неделно, Берлин, Ајндховен и Шарлроа седумпати, Хан, Хамбург и Рим на пет неделно, Баден Баден и Братислава на четири неделно, а Бремен ќе се зголеми на три неделно, пренесува Екс ју авиатони.