Виктор е единствен ученик во ова скопско училиште: Благодарен сум и на ова, особено на наставничката

Четвртооделенецот Виктор Цветкоски од скопското село Сушица, Општина Петровец е единствениот ученик во основното училиште Братство и единство. За него во селото доаѓа наставничка која држи настава.

Среќен е што добива единствено и посебно внимание, но вели го растажува помислата кога треба да влезе во празна училница без другарчиња. Селаните велат дека одамна животот во селото за младите е замрен.

Единствена надеж се викенд повратниците кои со своите внуци преку игра и песна се обидоа со носталгија да се потсетат како некогаш пулсираше животот и смеата во ова село кое се наоѓа на само трисетина километри од центарот на Скопје.

„Имам 9 години и ова е мојата наставничка Силвана. Мојот омилен предмет е математика. Јас сум единствениот ученик и благодарение на мојата наставничка уште има настава“ вели за Телевизија 24.