Оливера е самохрана мајка на пет деца: Ми ја укинаа социјалната бидејќи наводно сум работела

Животот не секогаш оди по зацртаните линии и не секој ја има таа можност да расте во мирен и спокоен дом, со топлина и љубов.

За жал многумина уште од мали нози ја чуствуваат моќта на животот во негативна конотација, на своја кожа почуствуваат како е да се нема.

Оброкот и кровот над глава се она минималното кое секое дете треба да го има, но се почесто сведоци сме дека и тоа недостасува.

Ваква судбина живее и Оливера која е самохрана мајка на пет деца, Алекс кој има 14 години, Никола кој има 13, Александра 12, Соња 10 и Оливер 4.

Сиромаштијата е нивно секојдневие,а оваа храбра мајка од петни жили се обидува да го извади семејството на прав пат и да му обезбеди барем пристоен оброк.

Тие живеат во простории на детска градинка, вели дека не може ниту да најде стабилна работа бидејќи нема на кој да ги остави децата.

– Берев малини, одев на ниви и аргатував каде ќе ме викнат, но сега е зимно време и нема толку работа, вели Оливера во разговор со хуманитарецот Дејан.

– Од примање имам само детски додаток и туѓа нега за Никола која изнесува едвај 22.000 динари (11.000 денари), што не се доволни ниту за првата недела од месецот.

– Земав и социјална помош но ми ја укинаа, бидејќи наводно сум работела и моето име било запишано некаде, што не е точно, немам си ли веќе…

Хуманитарецот Дејан Милошевиќ во пресрет на новата година го посети ова семејство и вети помош и ја прошири нивната приказна во јавноста.

Тој и донесе пакети со храна, како и новогодишни пакетчиња со кои барем малку ги развесели и им даде надеж за подобро утро.