Виторе Наумовски од тетовски три години ја рашетуваат по болнички врати: За да и се реше проблемот, сега се бара 5000 евра

Веќе трета година, Виторе Наумовски од тетовското село Непроштено е без протеза на левата нога. Таа беше оперирана во 2005 година, но тогаш и беше кажано дека ќе треба да се сменат протетичките материјали.

Во 2016 година добила инф екција во ногата, по што во 2019 година и ја извадиле протезата, но не и ставиле нова, бидејќи како што тврди таа, ѝ рекле дека нема материјал.

„Јас имам проблем со левата нога, се оперирав во 2005 година, во 2008 година ставив натколеница и протеза, но кога отидов на ортопед бидејќи немам можност да одам во приватна болница, ми рекоа дека треба да се смени материјалот но нашата клиника нема.

Во 2016 имав инф екција во ногата и три години ме оставија така со инфекција. Потоа отидов во „8 Септември“ ми ја вадеа натколеницата и протезата и ми рекоа дека по шест месеци ќе ми стават нова, потоа фати Ковид и отидов во септември 2022 година.

Докторот ми рече да одам во болницата „Мајка Тереза“, таму да ми направат рентген, магнетна резонанса, анализи. Само ме шетаа таму ваму за на крај да ми речат да ми ставаат во „8 Септември“, вели Виторе Наумовски за ТВ 21.

Виторе вели дека материјалот чини 5 илјади евра а таа нема финансиска можност за да ги покрие трошоците, а единствената парична помош која ја зема ја троши по болници.

„Пет илјади евра, немам можност се социјална помош, сопругот е болен а парите од „туѓа нега“ за 3 години откако се оперирав, ги потрошив по болници. Направи рентген, магнетна резонанса, кр вна слика, само ме шетаа“, додава Виторе Наумовски.

„Да сега сум со патерица, без натколеница и протеза. Го замолувам Министерот за здравство колку има можност да ми помогне бидејќи јас немам можност да ги купам тие материјали, немам никаква можност.

Сопругот е бол ен, има здравствени проблеми, приматели сме на социјална помош. Го замолувам да ми го реши овој проблем“, истакна Виторе Наумовски.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 21.