Војска, полиција, пожарна, шумари, доброволци – во тек е голема потрага во Македонија

Од Центарот со управување со кр изи се огласија денес преку социјалните медиуми со соопштение до јавноста во кое се вели:

Потрагата по исчезнатото лице во Крушевско продолжи и денеска, а трае во континуитет од самото пријавување во МВР на 22.12.2022 година.

Во текот на денешниот ден во потрагата учествуваат 15 полициски службеници од ОВР Крушево, 14 во јници од АРМ со 1 куче трагач, 7 вработените од ТППЕ Крушево, ПО РЦУК Крушево со 4 лица вработени, ПО ДЗС со 3 вработени,

Екипа од Шумска полиција 2 со 1 возило и околу 20-тина граѓани доброволци.

Повторно ќе се пребаруваат сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места.

Регионалниот ЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации.