Шеф Марк повторно се враќа на телевизиските екрани – но сега во поинакво издание

Познатиот шеф Марк Де Јонг, готвачот од Брза кујна, брзо стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата готвачи-виртуози во телевизиското шоу „Брза кујна“ кое се емитува на ТВ „Сител“.

Готвачот има има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство.

Но, Марк де Јонг пред неколку години се преселил во Македонија за да го исполни аманетот од баба му која пред да по чине го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка.

Марк е одиличен готвач и знае да прави вистински македонски специјалитети. Што се однесува до неговиот приватен живот, Марк е во брак со Василка со која има две деца, ќерка и син.

Неодамна, шеф Марк сподели не баш убава вест за неговите фанови и гледачи. Имено, тој објави дека после 7 сезони во „Брза кујна“ и 1.400 асистени, веќе нема да биде дел од емисијата и ќе бара нов пре дизвик.

А тој преди звик веќе е пронајден по она што започна да го споделува на социјалните мрежи. Станува збор за нова телевизиска емисија која ќе се емитува на Телма.

„Во оваа емисија ние ги откриваме уникатните специјалитети од сите предели на нашата земја. Сакам да го откријам мојот корен. Сакам да направам гастрономска карта на Македонија.

Ќе ме гледате како ги откривам и учам традиционалните специјалитети од локалните готвачи. Секоја храна ја откривам низ патот на културното и спиритуалното.“