Во оваа држава најмалку се работи, најмногу се ужива и најдолго се живее: Ја нарекуваат рај на земјата

Рамнотежата помеѓу деловните обврски и приватниот живот се повеќе се истакнува како важен фактор за квалитетен живот. Треба да размислите и додека сонувате да се преселите во земја идеална за живеење, бидејќи понекогаш работите не се баш како што ни изгледаат од далечина.

Постигнувањето на идеална рамнотежа не е лесно, особено кога ќе ги земеме предвид начинот и трошоците за живеење во големите градови. Ако се прашувате кои нации успеваат најдобро да ги балансираат работата и слободното време, погледнете ги резултатите од новото истражување подолу.

Параметрите кои се земаат предвид при рангирањето на земјите го вклучуваат просечниот број на работни часови неделно, должината на годишниот одмор, процентот на жители кои имаат ненарушен ноќен сон, очекуваниот животен век и чувството на среќа на испитаниците во секоја земја опфатена со истражувањето.

Според сите овие критериуми, Луксембург е на врвот, меѓу другото, благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со поголем годишен одмор колку се постари. Така, работниците над 55 години во оваа земја имаат просечно 36 дена платен годишен одмор.

Австрија и Данска, кои го заземаат второто и третото место, на работниците им даваат минимум 25 дена платен одмор годишно.

Потоа следат редоследно Норвешка, Финска, Шведска, Франција, Белорусија, Холандија.