Германија бара доселеници за работа: Годишно се потребни и по милион ипол, не мора да зборува секој германски

Како мерка против растечкиот недостиг на стручна сила, експертката за економија Моника Шницер препорачува поголем број на доселеници.

„На Германија ù се потребни 1,5 милиони доселеници годишно ако се одбие значителниот број на оние кои се отселуваат, иако сакаме секоја година да обезбедиме нови 400 илјади граѓани и така да го одржиме бројот на работната сила”, вели економистката за весникот „Зиддојче цајтунг”. На Германија итно ù е потребна култура на добредојденост, додава Шницер која раководи со Советот на експерти на сојузната влада.

Законот за доселување на стручна работна силакој беше усвоен од Бундестагот, е чекор во вистинкиот правец, но потребно е и повеќе од тоа, смета Шницер.

„Потребни се служби за странци кои нема да ги плашат, туку ќе им служат на луѓето”, вели Шницер.

„Не би требало за секоја работна позиција да бараме кандидатите од странство да зборуваат германски, туку да се погрижиме вработените во институцијата да зборуваат англиски”, вели Шницер.

Таа смета дека Германија мора повеќе да инвестира во децата и критикува „дека е срамно што секое четврто дете во четврто одделение не знае убаво да чита”.

Економистката вели дека компаниите мора соодветно да се грижат за повозрасните работници за да не заминуваат предвремено во пензија. Според Шницер, државата сѐвкупно не напредува „како што би можела и морала”. Економистката критикува дека не се инвестирало во инфраструктурата, дека се заостанува со дигитализацијата и дека предоцна се почнало со заштита на климата., пренесува Дојче веле на македонски јазик