Германската амбасада со важна информација за сите баратели на виза – следува големо олеснување за граѓаните

Како што е познато за голем број наши сограѓани Германија стана број еден земја за работа како за младите студенти, така и за повозрасните кои веќе се со оформени семејства.

Меѓутоа, пред да заминат, основната постапка е да поднесат барање за виза – работна, за образовни цели, за приклучување кон семејство и слично.

Поради тоа постои процедура која мора да се помине пред да ја одобрат визата. Се поднесува образец за барање за национална виза како и образец за барање на национална виза и формулар за дополнителни информации за достапност. Но, се германската амбасада објави ново олеснување:

Почитувани баратели на виза, од два обрасци станува еден: Од денес не треба повеќе да приложувате два обрасци за барање на национална виза! Еден образец по лице.

Новите информативни листови можете да ги најдете на нашата веб-страна:

https://skopje.diplo.de/…/service/visa-einreise/-/2492608