Голема промена: Од септември за Македонците нов начин за аплицирање за германска виза

Многумина Македонци живеат и работат во Германија, а голем дел исто така сакат да тргнат по нивните стапки, па интересот за визи е поголем.

Па така веќе од следниот месец, септември ќе има важна промена во апликациите за виза, а од германската амбасада во Скопје посочија:

Од септември 2023 г. поднесувањето на барање за виза согласно § 26 став 2 од одредбата за вработување („Регулатива за Западен Балкан“) ќе следи преку надворешниот вршител на услуги ВизаМетрик ДООЕЛ.

Тоа значи дека сите подносители на барање за виза за Западен Балкан барањата нема да ги поднесуваат веќе во Амбасадата, туку исклучиво кај нашиот надворешен вршител на услуги ВизаМетрик (Visa Application Center – VAC, адреса, локација).

Ова се однесува само на барањата согласно регулативата за Западен Балкан!