Голема трагедија попладнево во виничко: Младо 29-годишно момче пронајдено во канал

Од истокот на Македонија ни доаѓа уште една трагична вест, а за жал историјата се повторува од година во година.

Тело на 29 годишно момче е пронајдено попладнево во десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, кој се наоѓа помеѓу селата Истибања и Оризари.

По пријавата, вработените во водостопанство „Брегалница“ – Кочани го запрeле дотокот на вода од браната Калиманци, и започнале со празнење на каналот за да може телото на удавениот да се извлече.

На местото каде што се случил настанот сеуште има присутни стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани и се врши увид

Според неофицијални информации се работи за 29 годишник од с. Истибања.

Инаку за жал овој канал секоја година носи по некој живот, па така неодамна само неколку километри подалеку од денешното место беше пронајдена удавена жена.