Голем потег од Македонија за Словенија: Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош

Драматичните фотографии од поплавите доаѓаат од Словенија – цели населби се под вода, а луѓето од покривите на куќите се извлекуваат со хеликоптери.

Фотографиите и видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи покажуваат како хеликоптери ги превезуваат луѓето кои нашле засолниште на покривите на куќите поради поплавите.

Во земјата беше прогласена вонредна состојба, а се огласија и сирените.

Министерка за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска се огласи пред неколку моменти на социјалните мрежи каде порача:

Подаваме рака на пријателска Словенија.Со големо жалење ја следиме состојбата во Словенија која ја погоди големо невреме и поплави. Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош.

Подготвени сме да подадеме рака и да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти.Заедно сме посилни!