Горан Пандев почнува нов бизнис – откри што друго освен фудбалот ќе работи

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по крајот на играчката кариера одлучи и да го продаде својот клуб Академија Пандев на холдингот Брера.

Сепак тој и понатаму е во клубот, во бордот на директори, но ќе започне и нов сопствен бизнис.

-Моментално сум вклучен во проектот на Брера Холдинг каде сум во бордот на директори. Знаеме дека Брера има екипа во Македонија, во Азија, но и Африка што е голем проект.

Засега добро ни оди, а јас им помагам на луѓето. Имам мој бизнис во Македонија, односно во следните денови ќе го отворам мојот хотел.

Едноставно секој ден ми е многу исполнет, работам од компјутер, имам доста обврски со Брера холдинг и мојот хотел. Немам многу слободно време.