Гоце од кочанско: Живеам во болка, ме вратија од бања зошто не сум имал пари, а со магарето одам и по два часа до градо за леб

Гоце Дамјанов е единствен жител во село Јастребник, кочанско. Има 58 години и тешко живее во остатоците од куќата од неговите родители. Тешко се прстигнува и со автомобил до неговото живеалиште. Од градот со автомобил се потребни возење еден час по неасвалтирана улица. А, пеш за да купи леб на Гоце му се потребни и неколку часа.

Затоа оди со неговиот најдобар пријател-магарето кое го врзува пред да стигне во Градот, завршува работа и купува леб и кромид, за пак да се врати во неговата осамена куќа. А, таму го чекаат и двете кози кои му даваат млеко за да преживее. И тоа е се што има од друштво. И телевизорот вели тој ми прави друштво за да не го изгубам паметот низ годината. Живее само со 4000 денари месечно.

Го боли раката и ногата и не може да отиде на терапии зашто нема средства, па докторките каде оди на преглед се смилувале и го пријавија овој човек, за да ја потсетат јавноста дека таму горе на осоговијата има еден човек кој не знае ни од каде да почне за да го раскаже својот тажен и осамен живот.

Гоце сиот живот го минал во собата во село Јастребник во која е и роден пред 58 години. И, порано ќе рече тој било тешко, но се живеело зашто имало повеќе жители. Сега тој е единствениот жител во селото до кое од градот едвај со автомобил се стигнува до неговата куќа. Половина од патот не е ниту асвалтиран. За да преживее и купи леб мора два часа со единствениот негов пријател магарето цели два часа се симнува под различни временски услови. Купува или се задолжува во некоја продавница и назад повторно беззнадежно ја доживува истата одисеја. Лебот го потопува со млекото кое му го даваат двете кози или пак го јаде со некое кромитче или најчесто суво. Но, ќе рече се ќе преживеам, но осаменоста и неможноста со месеци со никој да не наоравиш муабет е навистина неподнослива.

-Сиот живот го поминав во ова село. Некогаш имало повеќе жители. Денес сум само јас и моите животни. Еднаш годишно на Илинден доаѓаат луѓе во црквата под мојата куќа и тоа е се. Ако не се симнам до градот за што ми требаат два часа со магарето по дожд, сонце, снег или ветар, тогаш ќе заборавам и да зборувам. Да не ми е телевизорот сосема би го изгубил паметот –ќе каже овој човек.

Гоце живее со 4000 денари месечно. Болен е, го боли ногата и раката. Раката речиси и да не може да ја движи. Исто и ногата. За нивно лечење и подбрување докторот му рекол дека треба даа оди на бања. Но, оттаму го вратиле со образложение дека нема пари да плати и да си бара чаре со операција. Затоа, тој принуден е да ја трпи болката зашто со минималните средства за да не умре за леб не може да си купи ниту лекови. Па, докторката која го лекува се смилувала и го пријаво да го стави срцето на дланка и да раскаже како е да се биде единствен жител во една распадната куќа на врв на планина каде освен диви животни и осамена црква нема ништо друго.

-Живеам само со минимални 4000 денари. Само малку ми остануваат за храна, па најчесто или варам макарони, компири, или јадам леб со кромид или шеќер. Месо не знам ни каков вкус има. Ете, толку сум страден. А, веќе иамм болки во нозете, раката не ми функционира и докторот ме испрати во бања. Оттаму ме вратија и ми рекоа не може да останеш, немаш пари да платиш. Така сум принуден да живеам сам и во болки да го трошам денот. Барем да може некаде подолу, поблиску до градот да може да најдам некоја соба, туку навистина е многу пусто и нема живот-ќе додаде Гоце за Срце на дланка.

Чуден е животот. Некогаш токму на оние најосамените и најповредните, бог им дава најмногу сила за да издржат. Тие се што имаат е денот, кој го ставаат како мелем на своите рани. Наспроти се што минале и издржале секој ден го апочуваат од почеток и веруваат дека раните ќе се намалат и ќе дојде поубав ден. Кога сме скршени се смета дека најмногу и можеме да направиме. Зошто во нас се калеми и најголема сила.

Доколку сакате да му помогнете на Гоце тоа можете да го направите на неговиот телефонски број 072593042 или на неговата жиро сметка 200003684756743.