Груби: Спијте мирно додека Али Ахмети се грижи за сите нас

Расколот во Алијанса за Албанците резултираше со кадровски промени во владината постава. По само 10 дена откако беше избрана техничката влада на Талат Џафери од неа си заминаа Фатмир Меџити и Азир Алиу

Пред гласањето, кое се случи доцна во ноќта и на кое не присуствуваше опозицијата, премиерот образложи дека смената на двајцата министри не е поради начинот на кој ја извршувале функцијата, туку затоа што во владата не може да има претставници на две опозицикси партии.

Вицепремиерот задолжен за координација на политички прашања на ресорите Артан Груби вчера, по разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу, на својот Фејсбук профил напиша дека првиот премиер Албанец разрешил двајца министри.

„Првиот албански премиер на Владата разреши двајца министри на ВМРО ДПМНЕ кое со сите сили ги бранеше денеска во Собранието. Лека ноќ, убав сон, спијте мирно додека Али Ахмети се грижи за сите нас“, напиша Груби.