За првпат се огласи директорката на Онкологија – упати една важна молба и информација до пациентите

За првпат во јавноста се огласи Доц. д-р Виолета Клисаровска која е директорка на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

„Бараме час поскоро ако има виновници да ги именуваат надлежните, за да се отфарли колективна вина која се надвиснува над целиот медицински тим што ја врши довербата пациент лекар.

Од името на јавниот стручен колегиум на клиниката за Радио терапија и Онкологија го осудувам секое несовесно работење. Но да не се генерализира проблемот на целиот тим.

Одговорно им трврдам на пациентите, од кога сум јас директорката од ноември 2022 и ги уверувам дека секој пациент ја добива препишаната терапија. Без никаква манипулација на лековите. Одговорно тврдам дека стручниот колегиум на клиниката во најголем дел работи високо професионално.

Јас сум во клиниката од поодамна, секако дека сме имале информации по допрен глас. Но уште од првиот ден кога станав директорката будно ја следев патеката на лекот.

Имено 28 февруари вработена се дрзна повторно да краде, по што беше отстранета од работа на 6 марти, а на 23 мај и беше испратено отказно решение.