Уште една пејачка со албанско потекло нападната на концерт: Момче се качи на бинат па и удри шамар

Пејачката Аманда Ава Коци, попозната како Ава Макс (29), настапила во вторникот вечерта во Лос Анџелес, кога маж кој присуствувал на концертот скокнал на сцената и и удрил шлаканица.

По инцидентот, Ава го продолжи настапот и покрај тоа што се здоби со повреди на лицето, а на едно видео се гледа како пејачката се држи за глава.

Непознатиот маж веднаш бил отстранет од концертот од обезбедувањето, а пејачката која се претставува како стопроцентна Албанка се огласила по скандалот и открила дека маж од публиката ја повредил и и ја изгребал внатрешноста на окото.

Да потсетиме, пред само два дена, уште една пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа, на настап во Њујорк беше погодена со телефон во главата, откако покажа двоглав орел, симболот на Голема Албанија.

Бебе тогаш итно го прекина концертот и заврши во болница, со три конци на главата.